„Лучија од Ламермур“ викендов на сцената на Националната опера и балет

од admin_kult

Една од водечките белканто-опери во светската оперска литература, „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 12 март 2022 година, со почеток во 20:00 часот. „Лучија од Ламермур“ е трагична опера напишана во два чина. Либретото го напиша Салваторе Камарано според новелата на Сер Волтер Скот „Невестата од Ламермур“.

Диригент на оваа психолошки фасцинантна опера е Иван Еминовиќ, режисер и сценограф е Лев Пулиезе од Италија, костимограф е Марија Пупучевска, а концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Настапуваат: Наде Талевска, Ристе Велков, Благој Нацоски, Никола Стојчески, Алесандро Абис (Италија), Соња Пендовска Мадевска, Дејан Стоев и  Хорот и Оркестарот на Националната опера и балет.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе