На својата 58. седница, Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за реализација на проектот „Возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник“ подготвена од Министерството за култура – Управа за заштита на културното наследство и беше дадена согласност и мислење за оправданоста и продолжување на проектот.
За таа цел, Министерството за финансии е задолжено да обезбеди средства за негова реализација, и тоа: во износ од 50 милиони денари во државниот Буџет за 2023 година и 22 милиона и 700 000 денари во Буџетот за 2024 година.