Во скопскиот парк „Ибни Пајко“ утре, на 30 април, вторник со почеток од 13:00 часот ќе се одржи осмото издание на целодневниот џез-хепенинг „Today it’s all about jazz“, со кој Националниот џез-оркестар се приклучува кон глобалната прослава на Меѓународниот ден на џезот.
Годинава на сцената ќе настапат: Фани Поса Квартет (Србија, Хрватска и Германија), Лана Јањанин Квартет (Хрватска), Карлос Сардуј Грув Месинџерс (Куба), Сашко Николовски Септет, Гоце Стевковски – Богданци Реунион квартет и Џијан Емин и Магичниот оркестар (Северна Македонија).
На настапите ќе им претходи работилницата „Џез за деца“ на која најмладите ќе имаат можност да се запознаат со музичките инструменти кои се користат во оркестарот, а и ќе учествуваат и во заедничка композиција.