Фотографска изложба на Милчо Манчевски во Софија

од admin_kult

Во Галеријата „Академија“ на Националната академија за ликовни уметности во Софија, Република Бугарија, утревечер (2 септември) од 17 до 20 часот ќе биде отворена изложбата „Таму“, составена од фотографски дела на македонскиот режисер Милчо Манчевски.

Конор Мекгрејди, во предговорот во книгата „Таму“, појаснува дека оваа изложба го надградува и го проширува досегашниот опус на фотографски дела на Милчо Манчевски.

„Како уметник кој работи и со филм и со фотографија, пристапот на Манчевски кон создавање слики постојано ги поместува границите и го избегнува конвенционалното. Неговото рано завлегување во концептуалната уметност продолжува да се отсликува во неговите дела во различни медиуми, а наследството на историската авангарда провејува низ многу од сликите поместени во ТАМУ“, наведува Мекгрејди.

Изложбата, чии организатори се Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија и софиската Национална академија за ликовни уметности, ќе се реализира во согласност со мерките и препораките за заштита од вирусот КОВИД-19.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе