Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за 13. повик на УНЕСКО за финансирање проекти во рамките на Меѓународниот фонд за културна разновидност за 2022 година.
Истакнуваме дека предлог-проектите треба исклучиво да се достават преку официјалната платформа на УНЕСКО за аплицирање, најдоцна до 15 јуни 2022 година.
Детални информации за повикот и за процесот на аплицирање може да се добијат на следниов линк: https://en.unesco.org/creativity/ifcd/apply