Во Културно-информативниот центар во Скопје утре (17 ноември 2021 г.), од 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Трансценденција“ од авторот Слободан Милошески.
Изложбата е составена од 15 скулпторски дела од галериски формат создадени со примена на техника на заварување на метал.
Скопската публика ќе може да ја посети изложбата до 30 ноември.
Слободан Молошески дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарскиот оддел, каде што и магистрирал. Во 2018 година докторирал на Националната уметничка академија во Софија, Р Бугарија, на катедрата „Скулптура“. Досега реализирал повеќе самостојни изложби, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјава и во странство.