Стефоска и Бомгартнер: Соработката  во културата се одвива во духот на меѓусебното разбирање и заемното почитување

од admin_kult

Министерката за култура, Ирена Стефоска, и амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер, изразија задоволство од досегашната соработка во областа на културата на билатерален и мултилатерален план.

Во оваа пригода, на министерката Стефоска и беше претставен  й новиот директор на Францускиот институт во Скопје и советник за култура и соработка, Иго Бештел.

На средбата се разговараше за тековните активности во меѓусебната соработка во сферата на заштитата на културното наследство како и за проекти кои ќе придонесат за интензивирање на традиционално добрите врски во културата помеѓу двете земји.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе