Министерката за култура, Ирена Стефоска, и амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер, изразија задоволство од досегашната соработка во областа на културата на билатерален и мултилатерален план.
Во оваа пригода, на министерката Стефоска и беше претставен й новиот директор на Францускиот институт во Скопје и советник за култура и соработка, Иго Бештел.
На средбата се разговараше за тековните активности во меѓусебната соработка во сферата на заштитата на културното наследство како и за проекти кои ќе придонесат за интензивирање на традиционално добрите врски во културата помеѓу двете земји.