Средба на министерката за култура со амбасадорката на Србија, Јовановиќ

од admin_kult

Соработката во областа на културата помеѓу Република Србија и Република Северна Македонија се одвива на високо ниво во сите области, на институционално и на ниво на граѓанскиот сектор. Ова, на заедничка средба го констатираа министерката за култура, Ирена Стефоска и  новоименуваната амбасадорка на Србија во земјава, Невена Јовановиќ.

Стефоска, на амбасадорката Јовановиќ и посака успешен амбасадорски мандат  и пријатен престој во нашата држава, и со неа го сподели мислењето дека во изминатиот период, пандемијата од КОВИД 19 негативно влијаеше на културата во двете земји одделно, па така и во меѓусебната комуникација.

Затоа, на средбата стана збор за потребата да се искористи сегашниот период на олеснети мерки и протоколи за патувања и за организација на настани, во насока на повторно интензивирање на културната размена и постепено враќање на старите патеки на соработка.

Двете соговорнички се согласија дека ова ќе биде потврдено и со потпишувањето на новата програма за соработка 2020-2023 година, помеѓу Министерството за култура на Северна Македонија и Министерството за култура и информирање на Република   Србија.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе