Симпозиум „Чехов на сцените во Македонија 1945 – 2020“

од admin_kult

Во Кинотеката на Република Северна Македонија на 30 и 31 октомври ќе се одржи научен симпозиум на тема: „Чехов на сцените во Македонија 1945 2020“ во организација на д-р Нелко Нелковски, режисер и театролог. Целта на симпозиумот е да го истражи присуството на сценските уметнички дела подготвени според делата на овој автор, да ги интерпретира и да го истражи нивното влијание врз вкупната сценска уметност во нашата земја.

Симпозиумот ќе се одржува комбинирано, во живо во Кинотеката на РСМ  и онлајн, и на него ќе учествуваат еминентни истражувачи од нашата земја и од регионот. Симпозиумот се реализира со поддршка од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе