Се конзервира и реставрира ранохристијанската базилика кај Св. Еразмо во Охрид

од admin_kult

Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид го реализира проектот за целосна конзервација, реставрација и презентација на ранохристијанската базилика кај Свети Еразмо која датира од IV-V век.

Базиликата кај Свети Еразмо е откриена пред 50-тина години, каде откриени се околу 200 квадратни метри мозаици во неколку простории. Проектот за целосна конзервација реставрација и презентација на базиликата ќе се одвива во повеќе фази.

Во првата фаза на реализација на проектот извршено е расчистување на просторот со што ќе се овозможат услови за спроведување на конзерваторски истражувања и изработка на Елаборат за поставување на кровна конструкција над целата базилика.

Споменикот на културата, локалитетот ранохристијанска базилика „Св. Еразмо“ во Охрид, е трикорабна базилика со простран атриум со двориште и кружен базен во средината

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе