„Неподнослива празнина“ е насловот на самостојната изложба на мултимедијалната уметница Дијана Томиќ-Радевска, поставена во Музејот на град Скопје.
Во рамките на изложбата, уметницата го претставува својот мултимедијален проект изложба, каде што се поставени во целина на мислата десет објекти и асамблажи, повеќе цртежи и графики, изработени во ситотехника и видео како единствено визуелно доживување.
Изложбата во Музејот на град Скопје ќе биде поставена до 15 октомври.
Дијана Томиќ-Радевска дипломирала на одделот графика на ФЛУ. Досега има реализирано повеќе самостојни и групни изложби во земјава и во странство. Нејзини дела се наоѓаат во Светската банка во Вашингтон, во Лондон, во Австрија, Англија, Канада. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои Златен медал и диплома од галеријата „Модиљани“ во Милано.