„Руската куќа“ во Софија ги поканува поетите да се приклучат на „Книжевен онлајн маратон“

од admin_kult

Претставништвото на Културно-информативниот центар на Руската Федерација во Софија, Република Бугарија, „Руска куќа“, од 18 до 26 март на својата фејсбук-страница (https://www.facebook.com/RKIC.Sofia) организира „Книжевен онлајн маратон“ посветен на Светскиот ден на поезијата.

На „Книжевниот онлајн маратон“ се поканети и поетите од Република Северна Македонија кои ќе имаат можност да прочитаат свои или омилени песни на мајчиниот или на руски јазик.

Во 1999 година УНЕСКО го прогласи 21 март за Светски ден на поезијата со цел промовирање на јазичната разновидност преку поетско самоизразување.

Од „Руската куќа“ нагласуваат дека поезијата ги обединува луѓето од сите континенти и овој литературен маратон е повод да им се оддаде чест на поетите, да се оживеат усните традиции на поетско читање и да се помогне во зближувањето преку поезијата и другите уметности – театар, танц, музика и сликарство.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе