Во тек се Годишните конкурси на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2022 година, што годинава за првпат се одвиваат по електронски пат.
Потсетуваме дека рокот за пријавување истекува на 6 ноември (сабота), во 12:00 ч. напладне, кога апликацијата автоматски ќе се затвори.
Годишните конкурси беа објавени на 4 октомври. Оттогаш, Министерството за култура е во постојан контакт со корисниците преку отворените телефони и е-адресите наменети за техничка поддршка на апликантите.
Изразуваме задоволство од заемната комуникација која е од полза за сите нас. Тековно ги решаваме отворените прашања со цел секоја апликација да е успешна и секој корисник лесно да го изврши пријавувањето.
Како што најавивме, со оваа апликација се забрзува целиот процес – од пријавување до изготвување решение. Со затворањето и испраќањето на пријавата, секој корисник автоматски добива архивски број на неговата е-адреса. Така, можеме да информираме дека до денеска има пристигнато околу 600 пријави.
Од страна на Министерството за култура е преземено сè за процесот да се одвива непречено. Рокот истекува за неполни четири дена, па затоа ги замолуваме апликантите навреме да ги поднесуваат пријавите со цел да си дадеме простор сите заедно, за евентуално решавање на извесен проблем доколку има можност тој да се исправи до крајот на рокот.
Министерството за култура, до крајниот рок за аплицирање е отворено за олеснување на процесот и за одговор на сите прашања. Уште еднаш упатуваме апел, од практични, технички причини, да не се чека последниот миг за поднесување на пријавите.
Детални информации на веб-страницата: www.konkursi.kultura.gov.mk