Јубилејна изложба по повод 150 години од раѓањето на Ѓорѓи Зографски

од admin_kult

Во Националната галерија, објект Чифте амам, денеска (3 ноември) во 19:00 часот ќе биде отворена јубилејната изложба „Ѓорѓи Зографски (1871 – 1945), 150 години од раѓање“.

Во рамките на изложбата ќе бидат претставени 50-ина дела (икони и слики) од сите творечки фази на авторот. Тие се дел од колекциите на: Националната галерија; Народниот музеј – Велес; црквите „Св. Пантелејмон“, „Св. Спас“, „Св. Димитрија“ и „Успение Богородичино“ – Велес; семејството Зографски; како и на голем број приватни сопственици.

Зографски, последниот зограф од семејството Рензовци, има значаен придонес за развојот на македонската ликовна уметност во втората половина на 19 и почетокот на 20 век.

Неговото творештво опфаќа портрети, историски композиции, пејзажи и мртва природа. Куратори на изложбата се Славица Алексоска и Маја Неделкоска-Брзанова.

Изложбата ќе трае до 26 ноември годинава.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе