Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност

од admin_kult

Во Музејот на современата уметност во Скопје, од денеска до 28 февруари 2021 година, ќе биде поставена ретроспективната изложба на Јован Шумковски со наслов „Вода/Ѕид“.

Изложбата го прикажува делото на еден од најзначајните и највлијателни македонски уметници, чијашто речиси четиридецениска уметничка практика ја дефинира постојан истражувачки интерес и смела инвентивност во формирањето и изразувањето на неговата ликовна мисла и поглед на светот и времето што го живееме.

Шумковски е редовен професор на ФЛУ од 2002 година. Зад себе има над дваесет самостојни изложби во земјава и во светот (Белград, Сараево, Софија, Љубљана, Стокхолм, Париз, Њујорк, Александрија и други). Во 1995 година беше претставник на Македонија на познатото биенале во Сао Паоло, Бразил, а во 2001 на Биеналето во Венеција.

Изложбата може да се види секој ден од 10 до 20 часот, освен во понеделник, а во недела посетата трае до 13 часот. Куратор на поставката е Зоран Петровски, а проектот е поддржан од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе