„Релапс“ – самостојна изложба на Иван Ивановски во МКЦ

од admin_kult

Самостојна изложба на ликовниот уметник Иван Ивановски со наслов „Релапс“ ќе биде отворена вечер во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје.

Кураторот на изложбата, Владимир Јанчевски, посочува дека во услови на развиен страв од новиот бран на епидемијата, блокирана имагинација и очекувани економски, социјални последици, изолацијата нѐ исправа пред предизвици за начините според кои ќе се гради иднината. Преку сликите, додава тој, мислиме на поинаков начин, „сликата е феномен кој на различни начини ја разрешува и/или комплицира нашата релација со стварноста, како некаква мапа за ориентација или како параван зад кој се сокрива нешто“.

Иван Ивановски (1983, Скопје) изработува скулптури, цртежи, инсталации, слики, видео, филм и анимација. Дипломирал на отсекот вајарство на ФЛУ, а студирал и на Академската програма за режија на ФАМУ во Чешка. Има реализирано 17 индивидуални и повеќе групни изложби. Во 2014 година стана добитник на наградата за млад ликовен уметник „Денес“ што ја доделува Центарот за современи уметности од Скопје во соработка со Фондацијата за граѓанско општество од Њујорк.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура, Младинскиот културен центар и Градот Скопје.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе