Неделава три изложби во Кинотеката

од admin_kult

Од денеска до 6 ноември во просториите на Кинотеката на Република Северна Македонија ќе бидат поставени три изложби: „Довидување Скопје – довидување граду наш мил. Евакуација на децата по земјотресот во Скопје 1963 – 1964г.“ од проф. д-р Марјан Димитријевски, „Скопје во времето на градоначалникот Јосиф Михајловиќ-Јуруковски“ од проф. д-р Лидија Ѓурковска и „Документи и фотографии за развојот на здравството во Македонија по Втората светска војна“ од проф. д-р Габриела Топузовска.

Изложбата „Довидување Скопје – довидување граду наш мил. Евакуација на децата по земјотресот во Скопје 1963 – 1964 г.“ од авторот проф. д-р Марјан Димитријевски е посветена на патешествието на скопските деца по земјотресот во 1963 година, нивното сместување, престојот во многубројни места во тогашна СФР Југославија и школувањето на македонски наставен  јазик во: Пореч, Цриквеница и Лесковац.

Низ фотографии, легенди и текст, изложбата „Скопје во времето на градоначалникот Јосиф Михајловиќ-Јуруковски“ од Лидија Ѓурковска зборува за градителската дејност во Скопје на познатиот архитект и градоначалник Јосиф Михајловиќ-Јуруковски, кој е автор на многубројни познати скопски архитектонски градби.

Здравството како важен сегмент од секојдневниот живот на повоената македонска држава е темата на изложбата на фотографии и документи „Документи и фотографии за развојот на здравството во Македонија по Втората светска војна“ од Габриела Топузовска, посветени на  здравството, здравствените институции и на здравствените  околности во тоа време.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе