Во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија утре (20 август) во 18:30 часот ќе биде отворена изложбата „Проткаени сеќавања“ од авторот Слободан Милошески. Изложбата е составена од дела во мал формат создадени со примена на различни техники и материјали. Изложбата ќе може да се види до 30 август.
Слободан Милошески е роден во Охрид во 1977 година. Во 2009 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарскиот оддел, а магистрирал на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторирал на Националната уметничка академија во Софија, Р Бугарија, на катедрата „Скулптура“. Досега има реализирано 24 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 70 групни изложби во земјава и во странство.