Во Детскиот креативен центар во МКЦ утре (8 декември) во 18:00 часот ќе биде промовиран илустрираниот роман за деца „Градот Вабу и потрагата на Нави“ од Симона Јованоска, со илустрации на Алексеј Костовски. Во рамки на промоцијата, ќе има и читање на делови од книгата и креативна работилница за деца на возраст од 5 до 9 години, инспирирана од темата на овој роман за деца.