Промоција на електронското издание на Толковниот речник на македонскиот јазик

од admin_kult

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска организира чествување по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

Ќе биде промовирано електронското издание на Толковниот речник на македонскиот јазик, дело на 21 автор. Електронското издание на Толковниот речник ќе може бесплатно да го користат сите граѓани и сите проучувачи и почитувачи на македонскиот јазик. На промоцијата, што ќе се одвива онлајн, обраќања ќе имаат претседателот на државава, Стево Пендаровски; премиерот Зоран Заев; директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Елена Јованова-Грујовска; и раководителката на електронското издание на ТРМЈ, Снежана Велковска.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе