Претставата „Лавина“ од авторот Тунџер Џуџенолу, во режија на Наташа Поплавска премиерно ќе биде изведена вечерва во 20:00 часот на сцената на Театар Комедија.
Улогите во претставата ги толкуваат: Зиба Радончиќ, Селпин Керим, Ебру Мусли, Дин Ибрахим, Сузан Акбелге, Бурханетин Ибрахим, Џенап Самет, Слаѓана Вујошевиќ, Јеткин Сезаир, Инес Радончиќ, Емине Халил, Аксел Мемед и Наџије Кеч. Сценографија и костимографија се на Наташа Поплавска, изборот на музиката е на Ристо Вртев , а кореографијата на Ирена Лозинска.
Претставата ќе биде изведена со титл на македонски јазик.