Премиера на младинската претстава „Подрум“

од admin_kult

Во Театарот за деца и младинци вечер, со почеток во 20 часот, ќе се одржи премиерната изведба на младинската претстава „Подрум“, по текст и во режија на Драган Довлев.

Сценографијата е на Бранкица Јордановска и Кирил Василев, дизајнот и изработката на кукли е на Кирил Василев, костимографијата е на Љубица Велкова. Изработка на реквизита е на Бранкица Јордановска, дизајн на звук е на Ален Хаџи-Стефанов и плакат, видео-бим и фотографии се на Филип Кондовски.

Главниот лик насловен како Мистер В го толкува актерот Никола Наковски.Во претставата играат и Матеа Јанковска, Петар Стојанов, Изабела Новотни и Бојан Кирковски.

Ова е втората самофинансирачка претстава на Театарот за деца и младинци, по претставата „Што е силеџија“. Репризата на „Подрум“ е закажана за утревечер од 20:00 часот.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе