Центарот за култура во Битола е домаќин и организатор на првото издание на Интернационалниот етнографски филмски фестивал, со кој започнуваат годинешните 52. „Илинденски денови“.
Фестивалот, кој почнува денеска, е посветен на широкиот спектар на етнографски филмски теми и авторски пристапи во истражувањето на традиционалното, но и модерниот начин на живот на заедниците во кои живееле и живеат луѓето, нудејќи разновиден увид и методологии на работа на тимови од целиот свет.
Во рамките на ова прво издание на фестивалот, кој ќе трае до 23 јули, ќе бидат прикажани 11 филмови, од кои 6 се долгометражни.