На локации во Грција почна снимањето на филмот „Зад стоговите сено”, во режија на младата Асимина Проедроу од Грција. Филмот е копродукција помеѓу Грција, Северна Македонија и Германија. Овој филмски проект е поддржан од Грчкиот Филмски Центар, Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, а финансиска поддршка доби и од Еуримаж (Европски фонд за копродукција и дистрибуција на кинематографски и аудиовизуелни дела).
Снимањето на филмот заппочна во Грција на 13 јануари годинава, а според планот треба да продолжи на локации во Дојран и Гевгелија во периодот помеѓу 22 и 28 февруари . Дејствието на филмот се одвива во 2015 година и го прикажува животот на населението од двете страни на границата.
Македонскиот продуцент на овој комплексен филмски проект е „Сектор Филм“ кој веќе почна со работа на подготовките за снимањето . Главен продуцент на филмот е продуцентската куќа Argonauts Production, а копродуценти покрај Сектор Филм, , се и Fiction Park – Entertainment Halbershmidt Tsika GbR од Германија.