Почна снимањето на филмот „Зад стоговите сено” во копродукција помеѓу Грција, Северна Македонија и Германија 

од admin_kult

На локации во Грција почна снимањето на филмот „Зад стоговите сено”, во режија на младата Асимина Проедроу од Грција. Филмот е копродукција помеѓу Грција, Северна  Македонија и Германија. Овој филмски проект е поддржан од Грчкиот Филмски Центар, Агенцијата за филм на Република Северна  Македонија, а финансиска поддршка доби и од Еуримаж (Европски фонд за копродукција и дистрибуција на кинематографски и аудиовизуелни дела).

Снимањето на филмот заппочна во Грција на 13 јануари  годинава, а според  планот треба да продолжи  на локации во Дојран и Гевгелија  во периодот помеѓу 22 и 28 февруари . Дејствието на филмот се одвива во 2015 година и го прикажува животот на населението од двете страни на границата.

 Македонскиот продуцент на овој комплексен филмски проект е  „Сектор Филм“   кој веќе почна со работа на подготовките за снимањето . Главен продуцент на филмот е продуцентската куќа Argonauts Production, а копродуценти покрај Сектор Филм, , се и Fiction Park – Entertainment Halbershmidt Tsika GbR од Германија.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе