Подводни археолошки ископувања на локалитетот Врбник

од admin_kult

На 12 aвгуст започнаа подводните археолошки ископувања на локалитетот Врбник на западното крајбрежје на Охридското Езеро на излезот од Струга, во непосредна близина на населеното место Калишта.

Првите сознанија за локалитетот се добиени во 80-тите години од минатиот век, а систематски подводни археолошки ископувања се водат во континуитет од 1998 година.

Со досегашните истражувања е откриен исклучително богат движен археолошки материјал, и тоа: керамички фрагменти, цели садови, керамички макари, биконусни прешлени, кружни тегови, како и разновидни бронзени предмети: белезици со преклопени краеви, двојни игли, железни сечила, јадици и др.

Годинешните истражувања се насочени кон земање примероци од колците во претходно истражени и документирани делови од населбата во периодот од август до септември 2021 година. Досега се откриени над 500 колци и е документиран простор од околу 500 м2. Паралелно со подводните истражувања се вршат и подготовки за дендрохронолошки и карбонски анализи во просториите на Природонаучниот музеј „Д-р Никола Незлобински“ во Струга.

Носител на проектот е НУ Археолошки музеј на РСМ, во соработка со Музеј „Д-р Никола Незлобински“ – Струга и Институтот за археолошки науки при Универзитетот во Берн, Швајцарија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе