Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за Пилот-програмата на УНЕСКО за ангажирање квалификувани кандидати за работни места на нивоата П-3 (P-3) и П-4 (P-4) според Системот на категории на работни места на Обединетите нации, кои се однесуваат на државите членки што не се застапени или се помалку застапени со професионален кадар во УНЕСКО:
Службеник за човечки ресурси
Локација: Париз, Франција
Ниво: П-3 (P-3)
- Програмски специјалист во областа на општествените и хуманистичките науки
Локација: Рабат, Мароко
Ниво: П-3 (P-3)
- Програмски специјалист во областа на културата
Локација: Најроби, Кенија
Ниво: П-4 (P-4)
- Програмски специјалист/Раководител на Секретаријатот во Меѓувладината океанографска комисија
Локација: Картагена, Колумбија
Ниво: П-4 (P-4)
- Програмски специјалист во областа на природните науки
Локација: Алмати, Казахстан
Ниво: П-3 (P-3)
Повикот, критериумите и начинот на аплицирање за сите заинтересирани се достапни на следниов линк: https://careers.unesco.org, за работните места означени како MLPP 2022, а резултатите за избраните кандидати ќе бидат објавени во октомври 2022 година.