Повик на УНЕСКО за Пилот-програмата за професионалци (MLPP Mid Level Professional Programme)                                                                                  

од admin_kult

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за Пилот-програмата на УНЕСКО за ангажирање квалификувани кандидати за работни места на нивоата П-3 (P-3) и П-4 (P-4) според Системот на категории на работни места на Обединетите нации, кои се однесуваат на државите членки што не се застапени или се помалку застапени со професионален кадар во УНЕСКО:

 Службеник за човечки ресурси

 Локација: Париз, Франција

 Ниво: П-3 (P-3)

  • Програмски специјалист во областа на општествените и хуманистичките науки

Локација: Рабат, Мароко

Ниво: П-3 (P-3)

  • Програмски специјалист во областа на културата

Локација: Најроби, Кенија

Ниво: П-4 (P-4)

  • Програмски специјалист/Раководител на Секретаријатот во Меѓувладината океанографска комисија

Локација: Картагена, Колумбија

Ниво: П-4 (P-4)

  • Програмски специјалист во областа на природните науки

Локација: Алмати, Казахстан

Ниво: П-3 (P-3)

Повикот, критериумите и начинот на аплицирање за сите заинтересирани се достапни на следниов линк: https://careers.unesco.org, за работните места означени како MLPP 2022, а резултатите за избраните кандидати ќе бидат објавени во  октомври 2022 година.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе