Повик за учество на работилница за млади куратори и историчари на уметност  

од admin_kult

Музејот на совермената уметност организира работилници за млади куратори и историчари на уметност во рамките на годинашното Биенале за млади уметници насловено „Страст за лутање“.

Заинтересираните студенти по историја уметност и младите куратори, кои сакаат да бидат дел од тимот, кој работи на реализација на биеналето, освен што ќе бидат инволвирани во процесот на продукција на биеналето, во периодот од 10 до 22 мај 2021 година ќе имаат можност да стекнат и теоретско знаење во рамки на тридневни работилници предводени од куратори од МСУ, гости куратори и уметници, кои биле инволвирани во некои од светските биеналиња.

Сите заинтересирани кандидати за практична работа на Биеналето на млади уметници, како и за затворените работилници можат да испратат е-мејл за искажување на интерес на info@msu.mk, најдоцна до 01.05.2021.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе