Петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот џез 2024“ се реализира во чест на Мирко Попов

од admin_kult

Од 20 до 27 април ќе се одржи петтото издание на „Крај Вардарот џез“, фестивал кој произлезе од големата љубов и посветена работа на Мирко Попов и Владан Дробицки за интегрирање автори и изведувачи од македонската музичка сцена во сферата на џезот, светската и современата музика.

− Со длабок поклон, „Крај Вардарот џез фестивал 2024“ се реализира во чест на Мирко Попов. Визионер, иницијатор, куратор и организатор на фестивалот и целокупната музичка дејност поврзана со работата на „ПМГ Џез“– информира организаторот.

Програмата ќе се одвива во 3 вечери и ќе се реализира во Националната филхармонија и во едукативниот културен центар „Лабораториум“.

На 20 април во 21:00 часот во едукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе настапат „Cobalt Code Unit“. На 23 април во 20:00 часот во Филхармонијата, публиката ќе го проследи музичко-поетскиот проект „Мирисот на липите“ на Дуња Иванова со концерт на пијано и Тина Иванова, како автор на текст и наратор на приказна поврзана со сеќавања на Попов. Веднаш потоа, во 21:00 часот, следува концерт на Биг бенд – музика на Кире Костов. На 27 април во „Лабораториум“, вечерта ќе започне со концерт на „Macedonian Free Society“, во 22:00 часот ќе почне настапот на „Поетроника“.

„Крај Вардарот џез фестивал 2024“ е поддржан од Министерството за култура на РС  Македонија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе