„Пеколот“, првиот долгометражен игран филм во светската кинематографија, на програмата на Кинотеката со пијано-придружба на Марио Маријани

од admin_kult

На 19 октомври (вторник) со почеток во 20:00 чaсот на програмата на Кинотеката ќе биде прикажан реткиот бисер од филмските архиви, италијанскиот нем филм „Пеколот“ во режија на Франческо Бертолини, Адолфо Падован и Џузепе де Лигуро.

„Пеколот“ се смета за прв долгометражен игран филм во светската кинематографија и е снимен според „Пеколот“, првиот дел од епот „Божествената комедија“ на Данте Алигиери, кој е фундамент на модерниот италијански јазик и на новоевропската книжевност и култура.

Со проекцијата на „Пеколот“, Кинотеката и Амбасадата на Италија ја одбележуваат Неделата на италијанскиот јазик во светот, глобална манифестација која традиционално се одржува во октомври, како и 700-годишнината од смртта на Данте Алигиери.

 

Проекцијата на „Пеколот“ во Кинотеката ќе биде проследена со музика во живо во изведба на пијанистот Марио Маријани од Италија. Маријани е авангарден композитор и изведувач, а компонирал музика за повеќе од стотина играни, кратки и анимирани филмови, театарски претстави и рекламни спотови, како и за потребите на  филмскиот фестивал во Венеција, а веќе три децении изведува пропратна музика за проекција на неми филмови.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе