Патувачкото кино на „МакеДокс“ денеска во Кочани, а утре во село Оризари

од admin_kult

Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава го смени својот формат и се одржува во четири викенди во месеците јуни, јули и септември. Досега, проекции се одржаа во Кратово, село Шлегово и во Штип, а следни дестинации на 12. Патувачко кино се Кочани (9 јули) и село Оризари (10 јули). Проекциите ќе почнуваат во 21 часот, бесплатни се и ќе се одржуваат на отворен простор.

Патувачкото кино на „МакеДокс 2021“ е поддржано од Агенцијата за филм, Центарот за развој на Источниот плански регион и од општините каде што гостува (Кратово, Кочани,  Штип и Виница).

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе