Отворен повик за млади кореографи за „Танц фест 2021“

од admin_kult

Интернационалниот фестивал „Танц фест 2021“ отвори повик за млади кореографи чии продукции можат да бидат дел од годинашната програма, која ќе се одржи од 1 до 6 јуни 2021 година на повеќе отворени сцени низ Скопје.
Право на учество имаат млади кореографи  (до 35-годишна возраст), а темата и бројот на учесниците се според нивен избор.  Времетраењето на делата не е лимитирано. До колку имаат видео од завршена претстава, што не е постара од 2020 година, треба да испратат линк до „Танц фест“, а ако делото е во процес на создавање, треба да испратат комплетна информација за содржината, бројот на учесниците, времетраењето и техничките потреби за изведба на делото.

Пријавите треба да се испратат најдоцна до 27.4.2021, до 16 часот, на е-адресата: info@dancefestskopje.com.mk. Избраните претстави ќе бидат објавени најдоцна до 11 мај 2021 година.

Целиот повик е поставен на веб-страницата на „Танц фест“: http://dancefestskopje.com.mk/%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-2021/.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе