Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев”, отворена e изложба на скулптури од лаванда и друга диворастечка флора од Симона Манчева.
Изложбата која е во организација на здружението „Биовита”, се реализира со поддршка од Министерството за култура. Кумановци имаа можност да проследат скулптури минијатури, кои го презентираат спојот помеѓу природата и уметноста.
Симона Манчева е визуелна уметница од Кавадарци со магистерски студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, која досега учествувала на повеќе групни изложби и фестивали.