Отворање на Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“

од admin_kult

На иницијатива од Јадро – Асоцијација на независната културна сцена, денеска ќе биде отворен Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“, лоциран на ул. „Алберт Ајнштајн“ бр. 2 во Скопје.

Асоцијацијата соопшти дека идејата за КСП „Центар-Јадро“ настанала од потребата за место, фокус, каде што слободно ќе се изразуваат урбаниот живот и современите социокултурни практики, простор што ќе создава aвтономни, самоорганизирани содржини  што ќе го артикулираат нашиот урбан, интелектуален, критички и творечки капитал.

Отворањето на КСП ќе се одбележи пред објектот, на отворено, во согласност со протоколите за одржување јавни настани, а основачите на прес-конференција ќе ги соопштат целите на институцијата, досегашните достигнувања и понатамошните планови за развој и соработка.

Во рамките на настанот, концерт ќе одржи Хана Корнети, а ќе биде претставен и муралот „Патување“ од ликовниот уметник Сали Ертунч, изработен на фасадата на КСП „Центар-Јадро“.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе