Отворање на изложбата ,,Raffaelo Opera Omnia“ во Археолошкиот музеј

од admin_kult

Патувачката изложба ,,Raffaelo Opera Omnia“ на Рафаело Санти вечер ќе биде отворена во Археолошкиот музеј.

Од Археолошкиот музеј најавуваат дека македонската јавност ќе има ретка можност да ужива во музејска репродукција на 14 дела од најпознатите портрети на Рафаело Санти, од кои два се изложени во најпосетуваниот музеј во Европа, „Лувр“ во Париз, а другите се изложени во некои од најпознатите италијански галерии.

Рафаело Санти, Микеланџело Буонароти и Леонардо да Винчи ја претставуваат тројката на најголеми уметници и великани од високата ренесанса.

Оваа изложба почна да го обиколува светот во 2020 година по повод одбележувањето на јубилејот, 500 години од неговата смрт.

Изложбата досега била претставена во: Финска, Кина, Тунис, Венецуела, Турција, Јужна Кореа и Приштина.

Изложбата е во соработка со Италијанската амбасада и ќе биде отворена за посетители два месеца, до 20.12.2021 година. Влезот е бесплатен.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе