Оркестарот на операта на Српскиот народен театар – Нови Сад, под диригентската палка на Луис Горелик од Аргентина, вечерва ќе настапи на „Охридско лето“. Солист на вечерта ќе биде сопранот Марија Јелиќ од Србија.
Оркестарот брои 75 музичари, а заедно со хорот и солистите на операта изведува дела од железниот оперски репертоар, но и мјузикли, оперети, хорска музика, како и симфониски концерти.