Почнува Патувачкото кино на „Македокс“

од admin_kult

Патувачкото кино на „Македокс“, кое ќе се одржи во два дела, денеска (18 јули) го започнува тринаесеттото патување. Првиот дел, кој ќе трае до 24 јули, ќе се реализира во Струмичкиот Регион, додека вториот дел ќе се реализира во септември во Преспанскиот Регион.

Од „Македокс“ посочуваат дека проекциите денеска ќе се одржат во селото Пиперево, по што Патувачкото кино утре ќе продолжи во Вељуса, потоа во Моноспитово на 21 јули, во Босилово на 22 јули и во Габрово на 23 јули. Сите проекции се бесплатни и започнуваат  во 21 часот.

Во рамките на Патувачкото кино ќе се одржи и првата сесија од четвртата генерација на школата за млади документаристи „Докуникулци“.

Реализацијата на Патувачкото кино е поддржана од Агенцијата за филм, Националната фондација за демократија од Вашингтон и општините Струмица, Босилово и Василево.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе