На сцената на Националната опера и балет вечер (21 октомври) во 20 часот ќе биде изведена една од водечките белканто-опери во светската оперска литература, ремек-делото на Винченцо Белини, „Норма“.
Операта ќе се изведе под диригентската палка на Иван Еминовиќ, режијата е на Ренато Бонајуто (Италија), сценограф и костимограф е Флавио Арбети (Италија), коавтор на костимите е Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ.
Ќе настапат: Весна Ѓиновска-Илкова, Зоран Сотиров, Сандра Митровска, Владимир Саздовски, Соња Пендовска Мадевска, Дејан Стоев, Василиј и Стефан Дашиќ, како и хорот и оркестарот на Националната опера и балет.