Средба на министерката за култура Костадиновска-Стојчевска со британскиот амбасадор Метју Ласон

од admin_kult

Успешна дипломатска мисија и интензивна соработка  во периодот што следува посака министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната прва средба со новиот амбасадорна Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Скопје, Метју Ласон.

На средбата беа нагласени добрите културни врски што се воспоставени во сите дејности на културата, а се разгледаа и можностите за соработка меѓу сродни институции, особено во областа на заштитата и промоцијата на културното наследство.

Костадиновска-Стојчевска изрази надеж дека во блиска иднина ќе биде разгледана одлуката за повторно отворање на канцеларијата на Британскиот совет во Скопје, со кого Министерството за култура негуваше долгогодишна соработка, особено на полето на развојот на креативните индустрии.

Амбасадорот Ласон изрази задоволство од досегашната соработка во театарската и ликовната дејност, како и во заштитата на културното наследство, и посочи дека и во следниот период треба да се интензивира комуникцијата меѓу сродните институции.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе