Онлајн работилница за продукција на дела со подвижни слики

од admin_kult

Националната галерија на Република Северна Македонија соопштува дека на први октомври од 13:00 до 16:30 часот ќе се одржи  онлајн работилница за продукција на дела со подвижни слики. Работилницата ќе ја одржи уметникот и експериментален филмски режисер Бен Риверс.

Оттаму најавуваат дека работилницата е наменета за: студенти од Факултетот за уметност, уметници кои работат со подвижна слика, студенти на Факултетот ЕСРА и студенти на Факултетот за драмски уметности. Начин на пријавување: https://docs.google.com/forms/d/1hH10fhzuNyifXVUMzlHZPAYu5aLUwYCIme2EjskNRZk/edit?ts=61434f08.

Од НГМ додаваат дека учесниците ќе бидат претселектирани во согласност со нивните биографии и тесен интерес на работа поради ограничениот број партиципиенти.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе