Онлајн проекција на „Маргина“ и разговор со режисерот Темелковски

од admin_kult

Асоцијацијата на  независната културна сцена КСП Центар-Јадро денеска организира онлајн проекција на документарниот филм „Маргина“ и разговор со режисерот на филмот Љупчо Темелковски.

Проекцијата ќе може да се проследи во 18:30 часот на Фејсбук профилот на КСП Центар-Јадро. По проекцијата на филмот, ќе има дискусија со режисерот Темелковски на која публиката ќе може да учествува со свои коментари и прашања.

„Маргина“ го прикажува животот во ромската заедница, давајќи многу интимен увид во реалноста на едно ромско семејство во Македонија, кое постои „на работ“ од европското општество.

Дискусијата е дел од годишната програма на КСП Центар Јадро која е финансиски поддржана од Министерство за култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе