Скулпторот Андреј Митевски е добитник на наградата „Владимир Георгиевски“, која здружението „Транзен“ ја доделува во чест на великанот на македонската ликовна уметност, сликарот и професор Владимир Георгиевски.
Митевски е награден за скулптурата „Форма која се раѓа“ која ќе биде презентирана на изложбата „Несовршен простор“, која ќе биде отворена денеска, во 20 часот, во „ЕУ Хаус“ во Струмица, каде што ќе бидат изложени дела на уште 16 уметници, меѓу кои и: Тони Попов, Милан Андов, Ване Костуранов, Дамјан Ѓуров, Никола Пијанманов, Љупка Галазка Василев, Марија Мицова Гацова, Славица Милева и др.