„Херои и антихерои во италијанскиот филм“ е темата на годинашната Недела на италијанската кинематографија што се одржува во Кинотеката на Република Северна Македонија до 23 мај 2022 година.
Настанот е во организација на Амбасадата на Италија, а беше отворен со проекцијата на филмот „Го нарекуваа Џиг Робот“ во режија на Габриеле Маинети.
Ревијата продолжува со прикажување на филмовите: „Брз како ветрот“, комедијата „Италијанци“, „Сета моја луда љубов“ и „Нашиот живот“.
Неделата завршува со два филма кои влегоа во историјата на италијанската кинематографија: „Мама Рома“ и „Тежок живот“.