„М“ на Вардан Тозија награден во програмата „Филмови во изработка“ на Фестивалот во Пула

од admin_kult

Играниот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија, во продукција на „Фокус покус филмс“, е награден во програмата „Works in Progress (Филмови во изработка)“ на годинашниот Интернационален филмски фестивал во Пула.

Во конкуренција со уште десет селектирани меѓународни филмски проекти во фаза на постпродукција, филмот „М“ беше успешно презентиран од продуцентот Дарко Попов. Реномираното интернационално жири, во состав: Сајмон Пери, британски продуцент; Вања Калуџерчиќ, уметничка директорка на ИФФ Ротердам; и Хавиер Анри Рашид, сопственик на агенцијата за продажба на филмови „Film Republic“, одлучи наградата за постпродукциски услуги во вредност од 12 000 евра да му ја додели на македонскиот филм. Копродукциската соработка од наградата се реализира со студиото „Слипвокер“ од Прага.

Филмот „М“ – копродукција меѓу Северна Македонија, Хрватска, Косово и Франција – е дистописка бајка, приказна за осумгодишниот Марко кој во суровиот и мрачен свет обземен со таинствен вирус е во потрага по својата мајка.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе