Оркестарот на Филхармонијата вечер (18 март) во 19 часот ќе одржи концерт со наслов „Музиката и градот“ на кој праизведба ќе има електроакустичната симфониска поема „Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска.
На програмата се и „Фантазија за обоа и оркестар на фолк тема“ од Васил Атанасов В’чев (кој ќе настапи и како солист на обоа), „Адаџето“ од Малер и „Роденденот на една инфантка“ од Шрекер. Диригент е Тимоти Редмонд од Велика Британија