МНТ дел од интернационалниот проект „Патиштата на хероите“

од admin_kult

„Патиштата на хероите“ е насловот на заедничкиот проект на МНТ со уште шест организации од пет партнерски земји: Италија, Грција, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија.

Станува збор за две и полгодишен интернационален проект   поддржан од програмата  „Креативна Европа“ во кој освен МНТ,  ќе партиципираат и: „Ла драматурџи“ (La Dramaturgie) од Италија, „Луп“ (Loop) од Грција, „Студио театар“ од Босна и Херцеговина, Институтот за театарска игра од Словенија, „Ексо анимато“ (Exo Animato) од Србија и Издавачката куќа „Гаврош“ од Македонија.

Како финален производ на проектот, во 2022 година ќе биде премиерата на копродукцијата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, во која ќе учествуваат автори од сите партнерски земји, а во изведба на актери од ансамблот на МНТ.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе