Министерката за култура Ирена Стефоска, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Грција во Република Северна Македонија, Димитрис Јанакакис. Изразувајќи задоволство од отворањето на ново поглавје во односите меѓу двете држави, со значителен потенцијал за нивно натамошно збогатување, соговорниците ја нагласија и важноста од интензивирање на соработката и во областа на културата. На средбата стана збор и за меѓу институционална соработка преку конкретни форми и иницијативи. Пандемијата, беше речено, ја забави соработката на ова поле, но не и плановите за неа.