Министерката за култура  Бисера Костадиновска Стојчевска присуствуваше на отворањето на  Културно-уметничката музичка манифестација „Скопско лето“

од admin_kult

Министерката за култура  Бисера Бисера Костадиновска Стојчевска присуствуваше на отворањето на  Културно-уметничката музичка манифестација „Скопско лето“ која започна синоќа во Скопје.

Во своето обаќање Миностерката Стојчевска уште еднаш ја потенцираше поддршката на Министерството за култура во реализацијата на оваа манифестација за која меѓу другото рече: На организаторите на Скопско културно лето им честитам за професионалноста и за ентузијазмот. Скопско лето ја има поддршката и од Министерството за култура. Таа поддршка можеби за некого во вакво време не е мала, но е скромна во однос на она кое за возврат го добиваме.

Благодарност и до Францускиот институт кој речиси 5 децении придонесува во квалитетот на нашата соработка. И благодарам на Европската комисија која преку програмата Креативна Европа го поддржа овој проект на Фејм. Ја користам можноста да им се заблагодарам на основачите на Фејм проџект, Французи кои ги сметаме за наши, и во чие студио во Скопје, со македонски музичари, продуцираат музика со врвен квалитет за бројни светски филмови, серии и настани на ниво на спектакли.

Скопје има микро клима и изгор лето.  И бидејќи не е здраво да се изгори од сонцето, Скопското културно лето нека биде нашата ладовина, нашата културна сенка пред неизвесната есен и долгата зима.

Со зборовите на легендарните „Леб и сол“ – Ајде на здравје, Скопје.

Во рамките на “Скопско лето” денес  на малата сцена во Македонскиот народен театар со почеток во 20:30 ќе се одигра меѓународно наградуваната театарска претстава „Нема да биде крај на светот“. Во четврток (23 јуни) на малата сцена во МНТ во 20:30 часот повторно ќе може да се проследи урнебесната комедија „Торонто експрес“.

На 25 јуни (сабота) во 20:00 часот во галеријата „Ко-Ра“ ќе се отвори изложбата „Природа на математиката“ од Пол Ванг, уметник од САД. 43. „Скопско лето“ ќе заврши со музичка изведба на џез пеачот на Ори Даган што воедно прави и  европска промоција на неговиот албум „Click right here“. Концертот ќе се одржи во 21:00 часот на Плато Ист гејт мол.

Целата програма и подетално информации може да се најдат тука.

Годинешното „Скопско лето“ е реализирано од Град Скопје, Министерство за култура и Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе